Пелистер потпиша два нови интернационални играчи со NCAA колеџ искуство
Малколм Бернард e роден во Мидлбург Флорида во 1994та година. Висок е 196цм, а игра на позициите крило и крилен центар.
Во Американската колеџ NCAA лига во сезоната 2015-16 играше за универзитетот Florida A&M, каде што одигра 28 натпревари со просек од 32 минути и 14 поени/4 асистенции/7 скокови по натпревар. Во сезоната 2016-17 настапуваше на универзитетот Xavier, за кого запиша 38 одиграни натпревари. По завршувањето на Колеџ кариерата, Малколм потпиша за Grand Rapids во НБА развојната G League, за сезоната 2017-18та. Grand Rapids Drive e придружна франшиза на Denver Nuggets од НБА Лигата.
Својата професионална кариера ја продолжи во Австралиската NBL-One лига, каде што играше за SE Melbourne, Rockhampton и Casey во сезоните 2022 и 2023, од каде што и дојде во нашиот тим.

Кристиан Банди е роден во Никса, Мисури, висок е 199цм и има 24 години. Настапува на позицијата центар. Во својата четиригодишна колеџ кариера има настапувано за Missouri Southern State University (MSSU Lions) во Division II NCAA лигата. Во сезоната 2022-23 беше стартер на сите 30 натпревари за својот тим, при што запиша 9 поени, 7 скокови, 2 асистенции и 2 украдени топки во просек по натпревар.
